Ахмети до Хан: ДУИ е за слободни избори

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети телефонски зборувал со Јоханес Хан. Како што пренесуваат од партијата тема на разговорот биле изборите.

„Во еден пријателски телефонски разговор, го уверив Комесарот Јоханес Хан дека ДУИ останува целосно посветена во спроведувањето на Договорот во Скопје и на крајните подготовки за спроведување слободни, демократски и веродостојни избори. Исто така, му се заблагодарив на г-дин Хан за неговата голема посветеност за решавањето на кризата и јa повторив нашата определба да не дозволиме било каков центар да не отстапи од патот на демократијата и јакнењето на структурните реформи. Комесарот Хан изрази подготвеност да помогне во овој процес кон целосна имплементација на Рамковниот Договор“, стои во соопштението од ДУИ во кое се пренесува дел од пораките на Ахмети до Хан. Дали е зборувано за датумот за избори не се открива.

Поврзани новости