Ахмети: Да не дозволиме политичката да стане меѓуетничка криза

by Фокус

Не треба да дозволиме од овој голем скандал на објавените преслушувања судирот помеѓу СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ да премине во судир помеѓу Македонците и Албанците, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за албанската телевизија ORA NEWS.

Ахмети додаде дека употребата на албанскиот јазик со Охридскиот договор не е решен, па затоа, според него, се работи на еден посебен закон со кој дефинитивно ќе се надмине проблемот.

Воедно, тој истакна дека е трогнат од заминувањето на неговиот соработник Гзим Острени, кој неодамна формираше нова партија.

Поврзани новости