Зврлевски: Гласовите дека сум потрчко на власта не допираат до мене

by Фокус 20:56
20:56

Јавниот обвинител Марко Зврлевски вечерва е гостин во емисијата Топ Тема на Телма. Меѓу другите прашања, одговори и што мисли за тоа дека дел од јавноста смета дека тој е потрчко на власта.

Зврлевски рече дека таквите гласови дека е потрчко на власта и заштитник на политичките елити во владата, ниту го повредуваат, ниту допираат до него.

- Advertisements -

-Во Обвинителството ништо не е ставено под тепих и се постапува по предметите кои произлегле од објавените бомби, во согласност со законите и уставот на Р.М. Обвинителството постапува и по допрен глас, но нормално е дека во тие случаи не оди толку лесно, рече Јавниот обвинител.

Во однос на прашањето во вечерашната Топ Тема, дали податоците кои произлегуваат од објавените бомби се нелегално собрани, Јавниот обвинител Марко Зврлевски одговори потврдно, додавајќи дека, тоа значи дека тие се незаконити. Сепак тој додаде дека овие информации се третираат како индиции и се постапува според нив.

Поврзани новости