Ахмети: Да ги вратиме реките чисти

by fokus

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на денешниот митинг во Боговиње, истакна дека државата не може да биде членка на ЕУ без патишта, канализација, снабдување со вода, стандарди за чист воздух.

-Апел да ги вратиме реките какви што беа чисти, сите имаме морална обврска да ги исчистиме реките и амбиентот за нашите деца. Ова е живот, ова е нашата агенда. Имам многу работа да се работи, имаме кадар со нивните идеи со нивните проекти за да напредуваме сите ние како граѓани. Сите да работиме зошто работиме за себе за да напредуваме – порача Ахмети.

Поврзани новости