448
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со бугарскиот амбасадор во земјава, Иван Петков, изрази целосна поддршка за потребата за потпишување договор за добрососедски односи помеѓу Македонија и Бугарија, без непотребни одлагања.
– Конструктивниот дијалог помеѓу нашите две земји треба да се формализира час поскоро со договорен меморандум помеѓу Скопје и Софија, без непотребни одлагања, рекол Ахмети пред Петков, соопштија од ДУИ.