601
Али Ахмети денеска побарал мисијата на ОБСЕ внимателно да го следи судењето околу случајот „Монструм“ се со цел сите страни да се осигураат во еден фер и праведен процес, базирани врз силни факти, информираат од ДУИ.
Првиот човек на интегративците денеска во Тетово го пречекал амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет и ја искористил можноста да позборува за случајот „Смилковско езеро“.
Како што велат од партијата Амбасадорот на ОБСЕ му ја честитал победата на Ахмети, кој пак ги отфрлил сите шпекулации во медиумите за барањата на ДУИ и распределба на владините ресори заедно со сите спомнати можни имиња.