Ахмети бара низ „ветинг“ да поминат сите функционери

by fokus

Лидерот на интегративците, Али Ахмети, бара сите функцинери да поминат низ процес на ветинг, за да се провери како го стекнале имотот, но за да се изврши контрола на нивната личност. Според Ахмети преку овој систем на проверка ќе се спречат напади врз функцинерите и ширење на лажни вести.

На прашање за пратеникот Павле Богоевски и аферата која пукна по објавување на нелегално снимен разговор, Ахмети вели дека не е во тек.

-Со ветинг процедура ќе бидеме поуспешни во владеење на земјата и ќе се намалат измислувањата и нападите во јавноста против различни функционери. Не сум во тек со случајот за Богоевски и затоа бараме ветинг – рече Ахмети.

Тој додаде дека се уште не разговарал со премиерот Зоран Заев за реконструкција на Владата.

Поврзани новости