Миле Јанакиески денеска на обвинителна клупа за случaјот „Сончев град“

by Fokus

Екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска ќе седне на обвинителна клупа за случајот „Сончев град“.

Освен него, во овој случај се осомничени уште шест лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште.

Во овој случај првоосомничениот, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, Министерството се обврзало во износ од 1 милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Поврзани новости