„Агрокор“ заминува во историјата

by fokus

Некогаш најголемата трговска мрежа на Балканот, „Агрокор“ од денеска заминува во историјата и ќе биде заменета со нов фирма наречена „Фортенова груп“.

Со планот за трансформација на „Агрокор“ се предвидува 47 од 159-те компании на групацијата, кои се оценети како „неодржливи“ да се преименуваат со додавка „Плус“ на името. Така, трговскиот синџир „Конзум“ ќе стане „Конзум плус“, а фабриката за минерална вода „Јамница“ ќе биде преименувана во „Јамница плус“.

Останатите 30 компании со седиште во Хрватска, кои се оценети како „одржливи“ по автоматизам стануваат дел од „Фортенова“ и по преносот на сопственост на новата групација ќе излезат од стечај.

Сопственоста на „Агрокор“ во 82 компании надвор од територијата на Хрватска етапно ќе се префрла на „Форетнова“.

Со планот се предвидува принудната управа на „Агрокор“ формално да трае до целосно префрлање на сопственоста на „Фортенова“, по што некогашниот гигант ќе биде избришан од судскиот регистар на трговски друштва.

За денеска во холандскиот град Амстердам е предвидено одржување на првото Акционерско собрание на „Фортенова“, на кое се очекува избор на членови на Управниот одбор на групацијата и одредување на висината на нивните плати.

Поврзани новости