463
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по службена должност изврши вонреден програмски надзор врз работата на Телевизија Алфа, за емитуваните Вести во 17:30 и 23:00 часот, на 15 мај 2017 година.
Со надзорот е констатирано дека спротивно на Законот за заштита од дискриминација, ТВ Алфа, со прилогот насловен „Ромите на речиси секоја раскрсница малтретираат граѓани – има ли стратегија за справување со овој проблем“, емитуван во Вестите на 17:30 и 23:00 часот, на 15 мај 2017 година, поттикнува и шири дискриминација кон Ромите врз основа на етничка припадност и на припадност на маргинализирана група.
Директорот на Агенцијата упати писмено барање до Комисијата за заштита од дискриминација за натамошно постапување.