Дритон Небиу од Алијанса на Албанците е нов директор на Агенцијата управување со одземен имот, кој е поставен на местото на кадарот на СДСМ, Фатон Асани.
„Честа да се предводи една Институција како Агенција за управување со одземен имот, колку што е одговорна, несомнено е и благородна од самиот факт дека истата претставува алка во системот преку кој на народот како реален сопственик му се враќа тоа што и му припаѓа, а некој сакал со истото да се збагати на нивна штета“, напиша Дритон Небиу.
Тој смета дека директорската позиција значи одговорност.
„Како управител на оваа Агенција ќе се заложам на секого да му припадне она што го заслужува и она за што работел. Затоа, управувањето со одземениот имот представува исправање на неправдата која му е нанесена на секој еден граѓанин на Република Северна Македонија со самото враќање на одземеното, украденото или незаконски стекнатото како и незаконски користеното во полза на граѓаните и за граѓаните“, додава Небиу.