Канал 5 телевизија со изјавите и ставовите искажани во неколку изданија на шоуто на Миленко Неделковски поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза кон лицата со различна сексуална ориентација со што го прекрши членот 48 од Законот за аудиовизуелни медиуми, се вели во заклучокот од анализата на Секторот за програмски работи при Агенцијата за медиуми по извршениот вонреден надзор врз неколку изданија на посочената емисија.
Во заклучокот на Агенцијата се вели дека Канал 5 не може само да се оградува пред почетокот на емисијата, туку таа треба да спречи преку нивниот канал да се шири говор на омраза и дискриминација, за што е обрзана со закон. Од Агенцијата посочуваат дека во случајот со емисијата на Миленко Неделковски тоа лесно може да се спречи, бидејќи емисијата е снимена, а не оди во живо.
Секторот за програмски работи при Агенцијата за медиуми го советува директорот Зоран Трајчевски да го пријави случајот во Комисијата за заштита од дискриминација бидејќи во Законот не биле предвидени мерки за прекршување на членот 48.