Агелер: Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени!

by Fokus

Амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер денеска од Гостивар порача дека уставните измени треба да се усвојат за земјава да се придвижи напред. Според неа, пратениците треба да гласаат за да има напредок.

– Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени што знам дека не е баш омилен и популарен чекор, но е неопходен за чекор напред. Пратениците треба да гласаат за уставните промени, за државата да може да се придвижи напред со дискусиите и процесот за интеграција и пристапување кон ЕУ. Според мене, тоа е клучно, бидејќи таму лежи успешната иднина на оваа земја, рече Агелер.

Поврзани новости