Пожар во станбен објект на Ерменската католичка црква во Истанбул, има и загинати

by Fokus

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар во станбен oбјект до Ерменската католичка црква „Свети Спас“ во истанбулскиот кварт „Бејоглу“.

„Пожарот избувна во 21:45 часот по локално време на 23 јануари“, изјави главниот уредник на истанбулскиот весник „Заманак“, Ара Гочунјан.

Тој додаде дека веднаш пристигнала екипа на противпожарна единица. На местото на настанот пристигна и ерменскиот католички архиепископ од Истанбул, Левон Жекијан.

„Пожарот избувна во стара куќа за гости која беше во реновирање. Ова е трагедија. Во гостинската куќа имало седум лица, од кои двајца починале, а уште двајца се хоспитализирани“, рече Гочунјан.

Тој додаде дека нема информации за причината за пожарот. Пожарот бил изгаснат околу 02:00 часот по локално време.

„Фала му на Бога што самата црква беше спасена, пламените јазици не стигнаа до храмот“, рече Гочунјан.

Поврзани новости