Агелер: Зимата повторно ќе се врати, итно да се зголемат енергетските ресурси

by Fokus

Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси, порача американската амбасадорка во државава Анџела Агелер на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.

Европа и Северна Македонија, рече Агелer, се на крстосницата на неколку горки енергетски прашања.

Eнергетската криза од изминатиот период што беше исклучително тешка, а поттикната од руската агресија во Украина потенцирала колку е важна енергетската независност, особено тука во Северна Македонија, изјави амбасадорката

„Имавме напори секаде во Европа, кај американските партнери за да останат топли домовите во Северна Македонија, но овие прашања се уште не се решени. Зимата повторно ќе се врати и апелирам до сите итно да дејствувате за диверзификација на енергетските ресурси, рече Агелер.

САД работат напорно на зајакнување на енергетската издржливост и отпорност, истакна Агелер и потсети дека неодамна и помогаа на Северна Македонија да има транспарентно и ефикасно тргување со електрична енергија.

„Апелираме да се склучуваат партнерства и со локалните бизниси каде што нашите американски партнери може да обезбедуваат производи и услуги за запазување на еколошките цели, рече американската амбасадорка.

На форумот учествуваат претставници од Владата, функционери од регионот, домашни и странски енергетски компании, меѓународни организации и граѓански организации.

Клучната порака на учесниците на форумот е дека климатските проблеми се најголем предизвик за човештвото, а енергетската транзиција е клучна алатка во справувањето со тоа.

МЕФ Енергетскиот Форум 2023 е во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Поврзани новости