Николај Денков доби мандат да формира Влада во Бугарија

by Fokus

Поранешниот бугарски министер за образование Николај Денков го доби мандатот да формира влада во следните седум дена.
Тој рече дека на Бугарија и треба стабилна влада и функционален парламент, како и дека проблемите поврзани со буџетот и носењето закони може да се решат со формирање влада, пренесува „Новините“.

Минатата недела, двете најголеми бугарски политички партии, централно-десничарскиот ГЕРБ и прозападниот блок предводен од партијата „Континуирана промена“ на Денков, се согласија да формираат коалициска влада со ротирачки премиер за ставање крај на политичката криза која трае повеќе од две години.

Кризата ги принуди бугарските власти да го одложат датумот за усвојување на еврото и тие допрва треба да го одобрат предлог-буџетот за 2023 година.

На изборите на 2 април прв беше ГЕРБ, кој освои 69 од 240 пратенички места, додека партијата „Продолжуваме со промените“ освои 64 пратенички места.

Поврзани новости