Ветингот може да биде многу предизвикувачки и најдобар начин би бил тој да се прави пред луѓето да стапат на функција, потенцираше американската амбасадорка Анџела Агелер во вчерашното гостување на телевизија Алсат М.
-Тоа е особено предизвик во правосудниот систем поради потребата да се проценат оние кои се веќе на позиција и во систем каде што веќе постои корупција, многу е важно да се осигураме дека тој процес е целосно транспарентен и фер. Проверката во САД се врши пред да се дојде на функција. Немаме доволно време да ви ја опишеме маката низ која поминав за да бидам номинирана и потврдена за амбасадор на САД. Се надевам дека оваа земја ќе најде начин да го придвижи процесот на ветинг пред луѓето да ги преземат своите позиции, на начин кој е најдобар за таа институција, рече Агелер.