Проблемите и предизвиците во судскиот совет и судството биле во фокус на средбата меѓу претседателката Весна Дамева и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер.
„Амбасадорката Агелер посебно ја истакна потребата за борба со корупцијата, независното, ажурното и непристрасното одлучување на Судскиот совет и судовите, а со цел обезбедување на владеење на правото и даде силна поддршка на Судскиот совет во остварување на своите функции, согласно со Уставот и законите, во насока на обезбедување и гарантирање на самостојноста и независноста на судската власт“, се наведува во соопштението на Судски совет.
Дамева ја информирала Агелер дека Судскиот совет ќе започне со имплементација на 40-те препораки на Оценската мисија на Европската Унија. Меѓу предлозите на европските експерти се и дефинирање на поимот „истакнат правник“, намалување на бројот на судии потребни за поведување на дисциплинска постапка за член на судски, но и можост судиите да гласаат против кога има само еден кндидат за член на судски и можност членовите од редот на судиите да продолжат да судат со што би останале блиски до судиската работа.