Агелер: Корупцијата на Камчев е и предавство на народот на Северна Македонија

by fokus

На денешната прес конференција американската амбасадорка Анџела Агелер порача дека ставањето на Орце Камчев на таканаречената црна листа на Министерството за финансии на САД е уште еден показател дека САД ќе ги употреби сите алатки за да ги стави под одговорност сите оние кои се вклучени во коруптивни активности, без разлика на нивните позиции и моќ.

-Злоупотребата на моќ, корупцијата на Камчев е и предавство на народот на оваа земја. За С. Македонија да ги надмине предизвиците кои се пред неа и на патот кон ЕУ, корупцијата не смее да помине неказнето. Институциите овде треба да продолжат понатаму според законите на С. Македонија. Се надевам дека луѓето на оваа земја ќе бараат одговорност од луѓето на позиции, порача Агелер.

Таа напомена дека важна улога во процесот на барање одговорност имаат и медиумите, кои треба да продолжат да ги бараат одговорите од властите во Македонија.

К.С.Б.

 

Поврзани новости