515
Владиката Агатангел синоќа беше гостин во „Отворено“ на ТВ Алфа, каде се дебатираше за последните политички случувања во Македонија.
Според него, избеганиот екс-премиер, Никола Груевски има вина во страдањата на македонскиот народ.
„Мислам дека со Договорот од Пржино почнаа сите трауми, сите страдања, страмотилаци и понижувања на македонскиот народ. Тука најголема вина има екс-премиерот, Никола Груевски, затоа што според мене,тој не требаше да го потпише тој Пржински договор. Потоа дојде и Договорот со Бугарија“, истакна Агатангел.