Рускиот претседател Владимир Путин денеска за време на разговорот со африканската делегација изјави дека Москва е отворена за дијалог со сите кои сакаат да воспостават мир. Путин го привлече вниманието на фактот дека Русија никогаш не ги одбила преговорите, за разлика од Киев.
„Каде е гаранцијата дека Украина нема да продолжи да одбива други договори? И под овие услови не ги одбивме преговорите, но раководството на Украина најави дека нема да преговара “, изјави рускиот претседател.
Тој ова го покажал по предлогот на африканските лидери како да запре конфликтот. Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во средината на мај изјави дека на Владимир Путин и Володимир Зеленски им претставил мировна иницијатива во име на Замбија, Сенегал, Конго, Уганда, Египет и Јужноафриканската Република.
Лидерите на триte африкански земји претходниот ден го посетија Киев, а денеска се сретнаа со Путин во Санкт Петербург. Африканските лидери презентирале предлог за мировен договор, пренесе Риа Новости.
Африканските лидери сметаат дека војната во Украина мора да запре, бидејќи таа не може вечно да трае.
Рамафоса предложил двете страни да ги деескалираат конфликтот, да почнат дијалог за воспоставување мир, да се дадат безбедносни гаранции, да се укине забраната за извоз на жито, раселените деца да се вратат дома, како и да се ослободат политичките затвореници од двете страни.
Путин на своите африкански колеги им го покажа нацртот на Истанбулскиот договор за Украина, кој беше договорен минатата пролет.
„Еве го! Тоа се нарекува договор за трајна неутралност и безбедносни гаранции на Украина“, рече Путин.
Потоа укажа на ставовите од документот.
„Тие се однесуваат на вооружените сили и други. Сè е прецизирано до единиците на воена опрема и персонал“, рече Путин и додаде тврдење дека украинската страна го парафирала овој документ.
Според него, Украина „го фрлила документот во ѓубриштето на историјата“ штом Русија ги „повлекла своите трупи од Киев“.
Путин додаде дека Украина и Западот ја „влечат Русија за нос“ со тоа што не ги исполнуваат договорите од Минск.
„Тие јавно објавија дека нема да ги почитуваат мировните договори и ефективно се повлекоа од овој процес. После тоа Русија беше принудена да ги признае независните држави формирани на територијата на Украина, кои ние не ги признававме осум години“, рече Путин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција со јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоза во Киев изјави дека нема да го „отвори вториот том“ од Минските договори со Русија.
-Ние сме заинтересирани во мировната формула да бидат вклучени и земјите од Африканската унија, но секако без Русија, бидејќи таа ги блокира сите иницијативи. Ние веќе го поминавме Минск, нема да го отвориме вториот том од таа приказна, сакаме да ја прекинат војната – рече Зеленски.
Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во средината на мај изјави дека на Владимир Путин и Володимир Зеленски им претставил мировна иницијатива во име на Замбија, Сенегал, Конго, Уганда, Египет и Јужноафриканската Република.
Москва и Киев се договорија да ја прифатат мисијата на африканските шефови на држави.