680
Српската полиција соопшти дека евакуиран е аеродромот „Никола Тесла“ во Белград поради дојава за поставена експлозивна направа.
Според изјавата од српското МВР за РТС во моментов се врши претрес на аеродромот.
Минатиот месец, за само две недели, имаше 10 дојави дека во авиони на „Ер Србија“ кои летаа на релација Белград-Москва се поставени бомби.