574
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе го посетат Меѓународниот аеродрoм – Скопје каде што ќе имаат средба со менаџментот на ТАВ Македонија.
На средбата се очекува да се разговара за отворањето на аеродромите во Скопје и во Охрид што, според одлука на Владата, треба да се случи на 1 јули.