575
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе потроши речиси еден милион евра, или точно 975.172 евра, за реклами. Поточно АЕК на сајтот на Бирото за јавни набавки објави склучен договор , во кој пишува дека е за услуги за изработување и промовирање на стратегија за подигање на свесноста кај јавноста за улогата и функцијата на Агенцијата за електронски комуникации и сите нејзини услуги.
Милионскиот тендер го добило Друштво за издавачка и уметничка дејност, трговија и услуги ТРЕТО УВО ДООЕЛ експорт-импорт Скопје.
Ваков тендер АЕК склучи и во 2013 година, кога за истата услуга беше ангажирана Агенција за маркетинг,комуникации и услуги ОМЕГА КОМУНИКЕЈШН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, за сума од 990.530 евра.