640
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе му донира еден милион евра на ЈСП за изградба на панорамско тркало покрај Вардар, чин кој СДСМ го окарактеризира како безобразен.
Како што информираат од АЕК, членовите на Комисијата за електронски комуникации едногласно дале согласност за донацијата.
– Во услови на огромна сиромаштија, безобразно е Агенцијата за електронски комуникации, по партиска директива на ВМРО-ДПМНЕ, да донира 1 милион евра за Панорамско тркало во Скопје. Директорот на АЕК, Роберт Ордановски, има обврска да одговори зошто 1 милион евра за Панорамско тркало, на ЈСП Скопје, наместо за атмосферска канализација или за бесплетен превоз на студентите – праша најголемата опозициска партија.