514
Адвокатот Владимир Туфегџиќ вечерва на тв24 изјави дека не е предвидена процедура за разрешување на претседателот на Судскиот совет.
„Согласно законот, точно е дека нема и не е предвидено разрешување на претседател на Советот, а фактичката состојба е дека избраниот претседател нема мнозинство кое го загуби со седум гласа. Во вакви околности, тој претседател и ако продолжи да заседава со седниците на Судскиот совет, за ниту една точка нема да има потребно мнозинство. Процедура за разрешување на претседател не е предвидена“, рече Туфегџиќ.
Адвокатот потенцира дека ако не се преземат мерки за оваа состојба во која се наоѓа Судскиот совет „авторитетот на Врховниот суд ќе влијае да се надминат овие состојби“.