617
Адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, сè уште не го добил решението со одлуката на Кривичниот совет да му биде одредена мерка притвор на бизнисменот кој е еден од тројцата осомничени во случајот „Труст“ на СЈО.
–Не знам и се чудам како може ваквата информација прво да им биде доставена на медиумите, без претходно за тоа да бидат известени и да добијат решение странките во постапката – рече Додевски.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева потврди дека добиле известување од судот за притворот на Кочан, но сè уште и тие го немаат добиено решението за одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.