Адвокатот на Груевски: Доколку не бил срушен Космос, Груевски и Јанакиески ќе стореле кривично дело

by Fokus

Ниту Никола Груевски, ниту Миле Јанакиески како и Елисавета Најдовска и Насер Ралев кои ги застапувам не го извршиле кривичното дело кое им се става на товар. Ова на денешното рочипште за случајот ТНТ го кажа адвокатот Димитар Дангов.

-Груевски ниту самостојно ниту во договор со Јанакиески не го потикнале Тони Јакимовски незаконски да го сруши објектот Космос. Одбраната ќе докаже дека премиер и министер не се позиции на моќ, туку службени лица со надлежности пропишани во закон. Апсурдот е во тоа што не постои незаконско рушење кое го содржи описот на кривичното дело кое им се става на товар, рече Дангов.

Тој додаде дека неговите клиенти работеле законски.

-Законски постапувале. Доколку не било извршено рушењето тогаш ќе стореле кривично дело за незаконито вршење на службата, истакна Дангов.

Дангов додаде и дека на обвинетите им е повреден ;лен 7 од Европскаtа Конвенција, односно се гонеле по Закон кој бил подоцна донесен од криви;ното дело кое им се става на товар, мислејќи на формiрањето на СЈО.

-Венецијанската комисија вели: Посебно внимавајте кога кривично гоните политичари, а со цел постигнување на политички цели. Тоа се прави со избори, а не преку кривична постапка, истакна Дангов.

В.В.

Поврзани новости