Адвокатка од Куманово пронајдена почината во својата канцеларија

by irena 16:13
16:13

Шеесет и шестгодишна адвокатка од Куманово вчера попладне била пронајдена почината во својата канцеларија, соопшти полицијата.

„На 23.06.2026 во 12:23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во сопствената адвокатска канцеларија во Куманово е пронајдена почината С.З.П.(66) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината било дадено на обдукција.

Слични вести