Адвокатите се обидуваат да го спречат објавувањето на “бомбите” во “Титаник”

by fokus

На денешното рочиште за случајот “Титаник”, во кој за изборни манипулации обвинети се поранешни функционери од раководство на ВМРО-ДПМНЕ, требаше да започне преслушувањето на бомбите, кои се 1.063 на број. Но наместо да одекнат бомбите, веќе еден час приговараат адвокатите кои се обидуват да го спречат нивното објавување, оспорувајќи го начинот на кој СЈО ги добило овие докази.

-Бараме да биде приложено барањето на СЈО упатено до партијата СДСМ за добивање на бомбите, како и записник од нивното примопредавање, рече адвокатката Сања Алексиќ.

Таа истакна дека СЈО било контрадикторно, односно сега тврделе дека постои записник за примање на бомбите, а обвинителката Ленче Ристовска во јавна изјава истакнала дека ваков записник не постои.

Адвокатите се повикаа и на решенијата на судијата за претходна постапка според кои бомбите не биле дозволени како доказ.

В.В.

Поврзани новости