Жителка на Австралија паднала од трактор и ја прегазил, веднаш била хоспитализирана на Клинички центар во Скопје

by fokus

Жителкна на Австралија се здобила со сериозни повреди, откако паднала од трактор на локалниот пат с.Требеништа-с.Ливоишта. Поради тежината на повредите, истата била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје.

„На 15.08.2018 година во 09.30 часот на локалниот пат с.Требеништа-с.Ливоишта, Р.Ј.(67) од с.Требеништа, со живеалиште во САД, управувајќи трактор „ИМТ“, изгубила контрола над тракторот и тој почнал да се движи наназад.Во тој момент сопатничката В.М. (62) од с.Требеништа, со живеалиште во Австралија, паднала од тракторот и со задното тркало тракторот поминал преку неа. Во незгодата, В.М.се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во болницата „Св.Еразмо“, но поради сериозноста на повредите била префрлена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид“, истакнаа од МВР.

Поврзани новости