Сашко Дукоски, адвокатот на Бојан Јовановски и бранителите на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, по денешното судско рочиште за „Рекет“ реагираа дека во исказите на сведоците има контрадикторности во однос на тоа што го зборуваат во судот и на тоа што го кажале во обвинителството за време на истрага.
-Ќе утврди судот што е вистина. Судот е тој кој ја утврдува фактичката состојба, но има доста контрадикторности во изјавите на досега сослушаните сведоци“, изјави адвокатот Дуковски.
Адвокатите на Јанева, пак, беа повоздржани.
-Не би сакале да коментираме изјави на сведоци. Ние во овој момент укажуваме на контрадикторности кои ќе ги искоментираме во завршни зборови, рече Кадиев.
Следното рочиште на “Рекет” е закажано за 25 овој месец кога треба да сведочат тројца сведоци.