Адвокатите на Канческа Милевска: Не можела министерката да фаворизира човек, кој го мразела

by Fokus 14:04
14:04

Според адвокатите на Елизабета Канческа Милевска, петте бомби кој денеска оддекнаа во судница како докази за случајот Тендери, воопшто не докажуваат вина на обвинетите.

Според нив, бомбите само ја откриле нетрпеливоста на Канческа Милевска кон директорот на Бетон Штип, Илија Бреслиски, па според нив не е возможно покрај таквата нетрпеливост таа да го фаворизира него за добивање на тендерот.

- Advertisements -

Претходно од разговорите се слушна како Канческа Милевска му се жали на Миле Јанакиески дека не може огрански да го смисли Бреслиски.

-Во спротивно би требало Канческа Милевска да оди на психијатар како поделена личност, бидејќи во одреден момент го мрази, а од друга страна го фаворизира, истакна адвокатот Сашко Дуковски.

Тој истакна дека врз овие разговори не може да се заснова никаква пресуда, а камо ли осудителна.

Додаде и дека обвинителите во обвинението не навеле штета, туку само фаворизирање на одредена компанија.

Адвокатите реагираа и дека во првиот разговор недостасува една секунда, односно во судница не се слушна пцовката која Бреслиски и ја упатил на тогашната министерка.
а пцовката ја имало во транскриптот.

Адвокатите додадоа и дека во разговорите се зборувало за други тендери и анекси од кои дел не биле поврзани со објектот Музејот на ВМРО.

Наредното рочиште е закажано за 14 мај, кога ќе се продолжи со изведување на материјални докази.

В.В.

 

Поврзани новости