Адора инженеринг гради нов дом за семејството Трајкови во радовишко Дедино, кои наскоро ќе добијат нова куќа на место на старата, што целосно изгоре во пожар кон крајот на минатата година.
Подигнувањето на нова скромна куќа и обновувањето на изгубениот дом за Ивана и Јован Трајкови, го реализира Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, по посетата на Дедино во декември минатата година, кога голем пожар им го уништи и претвори во пепел домот каде возрасните сопружници го минале целиот животен век.
„На средба со Трајкови, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг, поттикнат од човечката хуманост и солидарност за помош во тешки моменти, на несреќниот брачен пар му вети дека повторно ќе им обезбеди нов дом со пристојни услови за нормален семеен живот“, информира компанијата.
Во месецот на големиот христијански празник Велигден, Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ќе ја довршат хуманата мисија во радовишкото село Дедино, со подигнување на новиот обновен дом каде семејството Трајкови ќе го продолжи животот по несреќата со пожарот.