Администрацијата бара повисоки плати

by Fokus

Синдикатот на државната администрација и правосудството УПОЗ информира дека деновиве испратил писмо до Владата и Министерството за финансии со цел отпочнување на преговори за зголемување на ниските плати.

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика просечната нето плата исплатена за месец март 2021 година изнесува 28.127,00 денари. Со последните измени на Законот за минимална плата, за 2021 година е 15.194,00 денари. Иако порастот на просечната и минималната нето плата на ниво на држава е за поздравување, вработените во администрацијата и правосудството за жал примаат плати и под просечната плата, но и под минималната плата, велат оттаму.

Тие велат дека последното зголемување на платите во администрацијата беше со исплата на септемвриската плата во 2019 година, кога овие вработени добија покачување на плата од 5 отсто.

Поврзани новости