Досегашниот претседател на Лустрациската комисија Томе Аџиев за „Фокус“ потврди дека повторно ќе се кандидира за член на Комисијата за верификација на фактите, популарно наречена Лустрациска комисија.
Вчера пред пратениците се најде предлог одлука за објавување на оглас преку кој тие треба да ги изберат новите членови на Лустрациската комисија. Огласот ќе трае 15 дена и потоа од предложените Собранието со двотретинско мнозинство, со најмалку 82 пратеника ќе ги избере новите лустратори.
Мандатот на Лустрациска е истечен уште во јануари, меѓутоа тогаш во Собранието не можеше да се собере двотретинско мнозинство и затоа пропадна првиот оглас на кој се кандидираа речиси истите лустратори на чело со Томе Аџиев. Со оглед на распоредот на силите во Парламентот се претпоставува дека овој пат ќе се избере комисијата без поголеми проблеми.