664
Претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, во изјава за Телма вели дека немало ништо страшно во неговиот разговор со Антонио Милошоски, кој го објави опозицијата. Аџиев не негира дека „можеби е разговарано“, но од, како што посочува тој, технички аспект и од аспект на запазување на роковите.
Претседателот на Комисијата тврди дека нема политички притисоци врз него и врз членовите на ова тело, кое треба да биде независно. Вели дека често разговара на телефон и поради тоа не може да се сеќава на сите разговори.
Во снимката што ја објави СДСМ, Милошоски бара брз процес за судијата Билески, бидејќи судијата „им правел проблеми“. Му посочува на Аџиев дека барањето за лустрација до Комисијата ќе го поднесе трето лице.