ЗНМ: Реакцијата на Кабинетот на Иванов е непримерна

by Фокус

-Советот на честа при ЗНМ смета дека е неприфатливо оваа државна институција во реакцијата потпишана од генералниот секретар Борис Јосифовски да користи вокабулар од типот ,,Вашите лични фрустрации, комплекси и недостаток на домашно воспитување остануваат само лично ваши“, реагираат од Советот на честа по повод соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов за пишувањето на весникот „Вест“. Поводот е текстот објавен во овој весник со наслов „Иванов во изолација на Водно“.

Советот го осудува и обидот за потценување на весникот од страна на Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот со, како што беше наведено во реакцијата ,,најљубезната препорака,, -,,сериозните теми да ги оставеле на сериозни медиуми, а весникот да продолжел да се  занимава со теми, кои биле својствени на весникот. “

Поврзани новости