532
Фудбалерот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец, Аријан Адеми во интервју за „Јутарњи“, говореше за рерпезентативните обврски и плановите во неговата кариера.
„Имам голема поврзаност со Македонија. Од семејните приказни, па со ден денес, кога со гордост го носам македонскиот дрес. Кога ја избрав Македонија за репрезентација бев свесен за својот избор и нема враќање назад. Можам да кажам дека не жалам за своите одлуки. Секогаш сум среќен и со голема радост доаѓам на репрезентативните собири во Скопје“, истакна Адеми.
ФОТО-ФФМ