Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, вели дека е идентификувана групата иселеници кои ги снимаа и им вршеа терор на Македонци кои гласаа на референдумот денеска во Мелбурн. Истите се пријавени кај властите во Австралиј и ќе ги сносат последиците за прекршување на законите, вели Адеми.
„Чинот на снимање на гласачите пред конзулатот во Мелбурн од страна на неколку индивидуалци е спротивно на сите закони и вредности на демократијата. Им честитам на тие граѓани кои водејќи се од националните и стратешките интереси на државата денес се одважија и го искористија своето загарантирано право на глас. Нивниот глас ќе се вреже во темелите на европска Македонија, како и гласот на сите други кои денес ќе гласаат. Истовремено, инстутуциите на Република Македонија, се во контакт со Австралиските власти. Случајот е пријавен, снимачите се идентификувани и ќе ги сносат сите законски последници согласно Австралиското законодавство. Ги охрабрувам сите кои денес ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставнишвта без никаков страв да го искористат своето граѓанско право на глас“, се огласи Адеми.
Чинот на снимање на гласачите пред конзулатот во Мелбурн од страна на неколку индивидуалци е спротивно на сите закони и…
Publiée par Edmond Ademi sur Samedi 29 septembre 2018