Адеми: Слушнавме дека студентите планираат да упаднат и ја префрливме дебатата

by Фокус

Министерот за образование Абдулаќим Адеми призна дека откако наслушнале дека студентите од Студентски пленум планирале да упаднат на јавната дебата во Педагошкиот факултет, решиле да се префрлат во министерството за образование.

– Не се исплашивме, зашто студентите се наши партнери. Бевме договорени да дискутираме за реформите околу педагошките факултети, но добивме јавна дојава од студентите дека сакаат недолично да упаднат, да дојдат непоканети. Се слушнавме со деканите и решивме да ја префрлиме дебатата тука и помирно да дискутираме – истакна Адеми.

 

Поврзани новости