Адеми: Од Алтернатива не сум слушнал ништо против Охридскиот договор

by Fokus

Координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, во емисијата „Патот кон“ зборуваше за соработката што ќе ја имаат со Алтернативата, која тврдеше дека е против соработка со партијата на Адеми.

„Алтернатива сега ќе биде во владата, но тоа не е ништо ново, дури и во последниот мандат беше во владата, заедно владееме две години. Сигурно се случува во текот на изборните кампањи одредени политички партии да имаат остра реторика против ДУИ, а мислам дека ова е на изборната кампања, на политичките партии затоа што сме максимално заинтересирани да ги споделиме одговорностите со сите прогресивни сили на претставени во Собранието, само да го реализира она што е во интерес на граѓаните. Со Алтернатива немаме различни светогледи во однос на овие крупни стратешки определби, затоа Алтернатива го поддржува членството на државата во НАТО, каде што веќе сме членка, максимално е посветена на влез во Европската Унија, не сум слушнал ништо против Охридскиот договор, а исто така немам слушнато ништо против во однос на развојните политики“, изјави Адеми.

Поврзани новости