Адеми: Нема причина за штрајк, нудиме решенија и повисока плата

by fokus

Министерот за образование и наука Арбер Адеми ги повика директорите и наставниците во основните и средните училишта да се подготват за утрешниот прв училишен ден, затоа што, како што рече, едукацијата на учениците не треба да има застој, а особено не треба да се дозволи разочарување на првачињата кои првпат ќе седнат во училишните клупи.

На прес-конференција денеска тој порача дека ќе продолжи дијалогот со СОНК за заедно да ги дефинираат сите идни системски мерки за подобар квалитет на наставата и матертјалниот статус на наставниците. Притоа нагласи дека МОН е на страна на образовната дејност и на наставниците и дека за 10,8 отсто е повисока нивната плата во септември 2019 во однос на август 2018 година, со двете покачувања од по пет отсто лани и оваа година во септември.

Министерот потсети дека новата учебна година ќе почне со нов Закон за основно образование и со Закон за наставници и стручни соработници, кој, како што рече, е фокусиран токму на кариерниот развој на наставниците и нивно соодветно унапредување во законски скалила.

На прашањето за утре најавениот предупредувачкиот штрајк на СОНК министерот одговори дека не се штрајкува кога има одлука за поголема плата.

-Нема причина за организирање штрајк. Го почитуваме правото на штрајк, но наше е да апелираме дека нема потреба. Штрајк се организира во услови кога нема решение. Ние нудиме и имаме решение и одлука за повисока плата, рече Адеми додавајќи дека откако ќе се разгледаат сите параметри во Буџетот ќе се знае и за можностите за идно покажување на платите.

Поврзани новости