Хуман гест на фолк естрадата: Ќерката на Лидија плачешe кога и го дадовме бакшишот од 64.000 денари, не расплака и нас!

by fokus

Дел од фолк естрадата вчера во ресторан во Битола пееше за младата Лидија Ристевска на која и е потребно скапо лекување на клиника во Русија. На настанот влезот беше слободен, а се собираа донации во кутии, како и целиот бакшиш кој го добиле пејачите го донирале за Лидија, која се бори со прогресивна мултиплекс склероза. Во текот на вечерта, музичарите успеале да соберат 64.000 денари кои и ги предале на ќерката на Ристевска, која била присутна на забавата.

-Немаме зборови со кои можеме да го опишеме чувството некому да се помогне, посебно кога е една ваква тешка работа во прашање. Лекувањето на Лидија изнесува 45.000 евра, недостигаа уште 18.000 евра кога се решивме да ја направиме оваа хуманитарна забава. Имаше многу посетители, луѓето донираа кој колку може. Нејзината ќерка со насолзени очи ја прими донацијата, а телефонски контактиравме и со Лидија. Жената ни се заблагодари сто пати, трогната од нашиот гест, не расплака сите – вели фолк пејачката Татијана Стефановска која беше дел од музичките гости.

Покрај неа настапија и Марјан Коцев, Ирена Спасовска, Елена Јовческа, Благоја Стојановски – Туше, Модус Бенд и други. Фолкерите апелираат и до своите колеги од поп естрадата да се вклучат со свои хуманитарни настани.

-Поп пејачите не мора да пејат за бакшиш, како ние од фолк естрадата. Доволно е да организираат некој настан на кој ќе се плаќаат влезници. Во овие времиња кога секој ден се јавуваат луѓе и деца на кои им е потребно скапо лекување, кога сме во можност, ние музичарите не треба да се двоумиме да им помогнеме – порачаа фолкерите.

Апелот за помош на битолчанката Лидија, чија состојба од ден во ден станувала се полоша, е активен на социјалните мрежи веќе подолг период. Сите хумани граѓани кои се можност, можат да донираат на телефонските броеви 143 121 Т- МОБИЛЕ и 143474 ВИП, и жиро сметка во Стопанска Банка АД Битола 500600016598443.

Вики Клинчарова

Поврзани новости