Адеми: Нема плати за штрајкувачите

by Фокус

Сите наставници кои се во штрајк и кои се членови на СОНК, делот од платата од 20 јануари до крајот на месецот ќе ја земат од Синдикатот, а сите останати кои штрајкуваат и кои не се членови на СОНК ќе останат без плати, односно Министерството за образование нема да им даде плати, истакна првиот човек на МОН, Абдулаќим Адеми во интервју за Алсат- М.

Адеми призна дека екстерното тестирање се одвивало делумно. Тој го обвини СОНК за неправилно информирање на сите наставници бидејќи последиците од нетестирање ќе ги сносат учениците, но и наставниците. Министерот тврди дека екстерното не може да се исклучи од процесот, како што бара СОНК, но додаде дека министерството е подготвено да разговара за намалување на казните.

Поврзани новости