414
Почна конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, кој ќе трае денес и утре. Абдулаќим Адеми од ДУИ имаше поздравно обраќање пред 560 делегати на владејачката партија, во кое порача дека нивната коалиција работи за интерсите на Македонија.
– Сакам да го истакнам квалитетот на нашата соработка. ДУИ ќе ја поддржи секоја одлука која ќе биде од стратешки интерес на Македонија, рече Адеми.
Конгресот започна со македонската химна, која ја изведе Калиопи, а потоа се обрати Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев.