Еден месец по доаѓањето на функција, Асаф Адеми, му стави албански превод на Министерството за култура, додавајќи ја албанската верзија во официјалниот назив. На социјалната мрежа фејсбук веќе е променето името на институцијата и е додадена албанската верзија.
При промената администраторите на Министерството направиле грешка, па култура го напишале со голема буква што е спротивно на правописните правила на македонскиот јазик.
Писателката и критичарка, Оливера Ќорвезироска, вели дека е скандалозно непознавањето на граматиката на македонскиот јазик затоа што токму оваа институција ги организира, вели, лекторските испити и го издава сертификатот, лицецата за лектори по македонски јазик.
„Претпоставувам дека сакале да ги изедначат исписите на кирилица (македонски) и на латиница (на албански), па во тоа „изедначување“, правописните правила од едниот јазик ги примениле на друг јазик. Ова е лингвистички нонсенс“, напиша Ќорвезировска на фејсбук.
Според правописот на македонскиот јазик во случајот со имиња на институциите голема е само буквата на првиот збор.