Адеми: Државната матура може да се одложи или да се укине, сите опции се отворени

by Fokus

Министерот за образование Арбер Адеми вели дека во однос за петицијата што ја покренаа група средношколци за одложување на државната матура, состојбата сè уште се анализира и сите опции се отворени.

Се разгледува и опцијата за одложување, но и за укинување на државната матура.

„Ја следиме ситуацијата и сите опции се на маса. Во повеќе наврати дискутиравме и на седница на Влада, но и во главниот координативен кризен штаб. Нема простор за загрижување бидејќи секоја наша одлука ќе биде во интерес на учениците и никој нема да биде оштетен, но сепак треба да се направат и дополнителни анализи со сите предизвици со кои се соочува и прашањето на државната матура. Сите опции се на маса, и опцијата за пролонгирање на државната матура, но и опцијата за укинување на државната матура. Така што, водени по најдобриот интерес на нашите средношколци, ќе одлучиме“- истакна Адеми.

Поврзани новости