Адеми: Дијаспората да се идентификува со државата, а не со партиите

by fokus

Владата реши да го подигне на повисоко, институционално ниво прашањето на дијаспората и државата да се посвети на градењето доверба со дијаспората, истакна на денешната трибина министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

– Сакаме дијаспората да се идентификува со државата, а не со партиите што беше случај во изминатите 20-тина години… Воочивме дека во Македонија во изминатите години не постоела стратегија за соработка и односи со дијаспората, што не е случај со државите од регионот и пошироко. Затоа кон крајот на август 2017 година Владата донесе заклучок за формирање работна група која ќе работи на изработка на Национална стратегија за соработка со дијаспората, рече Адеми на трибината за зајакнување на врските со македонската дијаспора.

Тој информира дека Националната стратегија е речиси финализирана и очекува во текот на јуни годинава таа да влезе во владина процедура. Националната стратегија се базира на четири клучна столбови: политички и администартивни аспекти; диајспората и економскиот развој; образование, наука и млади и културни врски, културен идентитет и културно наследство.

Адеми потсети дека кон крајот на 2017 година Владата донесе Програма за економски раст на државата, каде покрај странските инвеститири кои во минатото имаа бенефиции, сега и домашните инвеститори и инвеститорите од дијаспората ги имаат истите права кога ќе решат да инвестираат во Македонија.

Појасни дека со пред две недели се донесе и Закон за поддршка на инвестициите, предложен од Министерството за екомија. Со членот 33 во законот, инвестициите од дијаспората добиваат поддршка од државата. Тие ќе добиваат дополнителни 10 отсто со цел да се привлечат да инвестираат во својата држава.

Организаторот на трибината, претседателот на Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните „Нов контакт-Македонија“ Златко Николовски рече дека знаат оти нашите иселеници не ќе може да ги вратиме назад. Од нивното искуство, нашите иселеници најмногу се жалат за информираноста и прашуваат за административните олеснувања кон нив.

Според него, државата во последниот период направила сериозен исчекор. Во 2011 година првпат дијаспората доби можност да има пратеници, но тој смета дека тие можеле нешто повеќе да направат.

Во функција е новата веб-страница www.diaspora.gov.mk, каде ќе бидат објавувани сите активности, мерки кои ќе се реализиираат, а се во интерес на дијаспората.

Поврзани новости