Црната листа во пракса не значи ништо оти не повлекува реперкусии дома. Она што е симптоматично е молкот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, ДУИ, на оваа вест што ја разбранува јавноста.
И другите граѓани на Македонија кои се на оваа црна листа си живеат и работат нормално, па не очекувам дека нешто ќе се преземе во врска со корупцијата, вели новинарот Мирче Адамчевски во СТУДИО 10 на ТВ 24.
– Очекувам ДУИ кои се коалиционен партнер во Владата и кои постојано се залагаат за ветинг, конечно да почнат со тоа и да испитаат кои судии и обвинители стоеле зад Мерко.
Друга работа е изјавата на министерот за правда Лога кој директно побара оставка на Судскиот совет, а Судскиот совет се прави како ништо да не се случило. Оттука, сето тоа е напразно. Одговорноста ќе се префрла од институција на институција и работата ќе си помине како и сите други досега, вели Адамчевски.
Адамчевски вели дека ДУИ молчи оти веројатно размислуваат што треба да сторат. Оти ако Мерко е доблесен тој досега ќе си поднесе оставка, додава тој и вели дека имаме и пратеници кои се на црната листа на САД.